“Аtva Residence Hotel” e модерен хотелски комплекс, изграден во 2019 година и уреден по највисоки стандарди во однос на хотелската и угостителската дејност. Нашата локација е на 5 км од Кичево, позиционирани на самиот регионален пат E-65 Кичево-Охрид во областа на с. Долно Добреноец. Целиот комплекс се протега на површина од 10500 м2 и располага со сместувачки капацитет од 17 соби и 2 апартмани со целосно опремени бањи, ЛЕД TV со сателитски канали, централно греење / ладење, лед осветлување, мини бар, фен итн., 24/7 часа рецепција и лоби бар.

Апартманите, како и комфорт собите се опремени дополнително и со балкон од 6 м2.

Atva Residence Hotel нуди континентален и buffet доручек на своите гости.

Ала-карт концепт ресторан ,,Atva Kitchen & Bar” со 150 места за седење (во внатрешноста) и летна бавча со дополнителни 150 места за седење, позиционирана веднаш до река. 

Свечена сала за свадбени и друг тип на прослави. Во склоп на хотелскиот комплекс функционира и модерно уредена сала за свадбени и друг тип на прослави, од отворен тип (шатор) со максимален капацитет од 560 гости, на површина од 900м2 и дополнително обезбеден и уреден простор за коктел прием, фото сесија и украсен простор за склучување на граѓански брак.

Комплексот располага со 200 паркинг места, зелени холтикултурно уредени површини, вештачко порибено езерце, декоративни фонтани и безбедно катче за најмладите ,,Atva land” со многубројни содржини.

Наша цел е да ви овозможиме неверојатен комфорт и да направиме Вашиот престој да биде на високо ниво…