,,Atva Kitchen & Bar” e концепт ресторан  во кој е обрнато внимание и на најситниот детал при контрсуирање на неговиот дизајн и принцип на работа. Главниот мотив од кој се водевме во проектирањето на истиот е комбинација на ултра модерен урбан стил на дизајн на ентериер,искомбиниран и вклопен со природата во која е и лоциран. Притоа како мотиви од природата се употребени апликации од декоративен камен и дрво.

На површина од 300м2 во внатрешноста располага со 130 места за седење, вип сала со 35 места за седење од затворен тип за приватни настани и летна тераса од 300м2 со дополнителен капацитет од 150 места за седење во летна сезона, позиционирана веднаш до река, која нуди непофторливо искуство за ваше беспрекорно релаксирање и разладување во летните и топли денови.

Она на  што сме посебно горди и по кое сме препознатливе е широк избор на мени храна приготвена од врвните шефови на нашата кујна, за врвно гастрономско уживање. Менито храна го надополнува целокупниот концепт на ресторанот и е вклопено во истиот. За таа цел е подготвено интернационално мени пратејќи ги последните текови во начинот на подготовка и сервирање на продуктите, по примерот на светската гастрономија. Во нашето мени може да уживате во повеќе типови салати (традиционали, оброк и ,,здрави салати”со нутри вредности), разни специјалитети од пилешко, свинко, телешко и телешко мелено месо, повеќе видови на пасти и њоки, рижото, мезе даски.

Она со што сме препознатливи и го издвојуваме се нашите пици, пастрмајлии, разни видови на лепчиња кои се подготвуваат во истиот моментот, како и многубројни специјалитет од месо, и сето тоа приготвено во фурна на дрва, која е позиционирана внатре, во самиот ресторан (од отворен тип), и свежа риба во секое време ( калифорниска пастрмка, речна пастрмка, цел крап и кременадли од крап) која се чува во нашиот засебен базен во склоп на нашето вештачко езерце, и дополнителна морска риба ( Бранцин и Ципура). И секогаш за крај го остваме најслаткото задоволство кое  е висинско заокружување на нашата гурманска приказна, нашите десерти приготвени од нашите шефови од кои би издвоиле како задолжителни за дегустација при наша прва посета нашиот добро познат лава колач, потоа  ,,Менхетан чиз кејк” и нашето крем бруле, и незаменливата магична топка.

Нудиме врвна селкција на вина од домашни  винарски визби ( Тиквеш, Бовин, Далвина) и селекција од Француски вина, кои секогаш може да ги дегустирате на нашите дрвени вински буриња (можеби токму и вашето вино кое го пиете во моментот е произведено баш во нив) во склоп на нашата ,,Винарија”, за незаменливо чуство на  препуштање во магијата на виното.

Секогаш во незаменлива врска со добрата храна, покрај виното е и добар пијалок, кој секогаш кај нас ќе го најдето во голем асортиман за избор. Како би ги задоволиле сите ваши сетила е подготвивме и најдобрата коктел карта со најдобрите  алкохолни и безалкохолни коктели во неа, за ваше целосно гастрономско задоволствтво.

Се погоре кажанот, искомбинирано со беспрекорна услуга од нашиот персонал, е повејќе од добра причина да не посетите уште денес.

Повелете, Ве очекуваме….

Контакт телефон за информации и резервации во ресторан :+389/45 278 797