КИЧЕВО – Мое уникатно доживување!!!

23.06.2020 | 15:18

Најнапред топло добредојде на нашиот проект ,, Кичево-Мое уникатно доживување”, кој има за цел промоција на Кичево и неговите знаменитости и викенд релаксација со 4 ѕвезди во нашиот хотел, позициониран на 5 км од Кичево, во прекрасната природа на атарот на село Долно Добреноец покрај самата река Студенчица. Повеќе за хотелот: кликни тука

Нашиот викенд аранжман вклучува:

1) Стандардна соба, 2 ноќевања (петок и сабота) за две лица со вклучен доручек, и еднодневна ексурзија и разгледување на Кичево и околината, со високо класен минибус. Цена на пакет аранжманот за две лица вкупно изнесува 98 евра. (плаќањето се врши во денарска противвредност)

Галерија и информација за соби: кликни тука

2) Комфорт соба, 2 ноќевања (петок и сабота) за две лица со вклучен доручек, и еднодневна ексурзија и разгледување на Кичево и околината, со високо класен минибус. Цена на пакет аранжманот за две лица вкупно изнесува 105 евра. (плаќањето се врши во денарска противвредност)

Галерија и информација за соби: кликни тука

3) Стандардна фамилијарна соба 2 ноќевања (петок и сабота) за четири лица со вклучен доручек, и еднодневна ексурзија и разгледување на Кичево и околината, со високо класен минибус. Цена на пакет аранжманот за четири лица вкупно изнесува 169 евра. (плаќањето се врши во денарска противвредност)

Галерија и информација за соби: кликни тука

3) Апартман со една спална 65м2,  2 ноќевања (петок и сабота) за две + две лица (софа на развлекување) со вклучен доручек, и еднодневна ексурзија и разгледување на Кичево и околината, со високо класен минибус. Цена на пакет аранжманот за четири лица вкупно изнесува 195 евра. (плаќањето се врши во денарска противвредност)

Галерија и информација за соби: кликни тука

Програма за   “КИЧЕВО – Мое уникатно доживување”

ПЕТОК
Пристигнување во хотел, check in од 14:00 часот, слободни активности и можност за опуштање во ,,Аtva Kitchen & Bar” концепт ресторан во склоп на хотелот и неговата прекрасна летна тераса покрај река, со -10% попуст на целото мени храна и пијалок. ( добивате лојалити картица, за користење во текот на целиот престој)

       

САБОТА

07:00 -09 :00 часот доручек

09:15 – собирање на групата на рецепција и поаѓање кон нашата прва дестинација Кнежински манастир ,, Св. Ѓорѓија” манастирски комплекс во областа Копачка, западно од градот Кичево, во непосредна близина на селото Кнежино. Попатно ќе поминеме  и покрај излетничкото место и спортско рекреативен центар ,, Крушино” сместено во борова шума на 3км од Кичево.

    

Манастирот се наоѓа на падините на планината Бистра, на надморска височина од над 900 метри. Пределот е богат со вегетација, со букова и дабова шума. Некои од дрвата се со повеќе вековна старост. Во манастирскиот двор се наоѓаат две чешми низ кои протекува изворска вода, која народот ја смета за лековита.

Повеќе за манастирот: кликни тука

11:00 – тргнуваме кон нашата втора дестинација и  можност за прекрасни фотографиии со историскиот воз ,,Ќирчо” кој представува симбол и богатство на градот.

   

Детали и галерија: кликни тука

11:30 –  кафе  пауза во Ресторан АТВА -Кичево ( вклучено кафе и еден безалкохолен пијалок по лице во цената)

12:00 – се спуштаме кон центарот на градот и наша следна посета е музејот ,, Западна Македонија во НОБ” ( влезницата не е вклучена во цената- факултативна посета)

Музејот „Западна Македонија во НОБ“ е културна институција со седиште во градот Кичево, која собира материјали поврзани со борбата против османлиската власт во XIX век, Илинденското востание и Народноослободителната борба во Западна Македонија. Музејот е отворен во 1980 година и се наоѓа на самиот плоштад во Кичево.

   

Историја

Зградата, во која денес се наоѓа музејот, изградена е во 1892 година. Таа имала особено важна улога за време на НОБ, кога во септември 1943 година, била седиште на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Зградата е пренаменета во музеј со постојана изложба и свечено отворена на 11 октомври 1980 година.

Содржина на музејот

Постојаната поставка на музејот ја покажува борбата на македонскиот народ за слобода во текот на XIX и XX век, серија на документи кои сочинуваат автентични материјали, предмети, фотографии, цртежи, мапи, знамиња, модели и текстови. Покрај материјалите, изложено е и вистинско оружје кое се користело од страна на востаниците од овие краишта во текот на годините. Некои ѕидови во музејот биле насликани со фрески со мотиви од Илинденското востание и Народноослободителната борба од овој крај, како и мозаици кои ја претставуваат капитулацијата на фашистичка Италија во 1943 година, падот на фашистичката власт во Бугарија во 1944 година и капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година. Приземјето на музејот го сочинува просторијата во која се наоѓа галеријата на народните херои, кои во одреден период за време на НОБ дејствувале или ги посетиле Кичево и околината, а во продолжение се наоѓаат поставки на борбите и востанијата на македонскиот народ до 1941 година. Првиот кат е исполнет со материјали поврзани со НОБ. Помал дел од овој кат е исто така галерија со изложена народна носија.

Слободно време  на групата за разгледување на градот, препорачуваме (старата Кичевска чаршија , Китино Кале) и шопинг ( добивате -10% попуст со лојалити картици во продажните салони во нашата трговска мрежа ,, Аtva Group Stores” кои се позиционирани во строгиот центар на Кичево

,,ATVA Sport” продажен салон за спортска опрема од најдобрите спортски брендови: Adidas, Nike, Puma, 4f, Hummel, Kappa.

,,АTVA Urban store” продажен салон за парфеми, часовници, накит, очила за сонце од најреномирани светски прозводители : Armani, Dolce& Gabbana, Fossil, Ray Ban, Casio, Esprit, Paco Rabanne и многу други…

,, ATVA Exclusive” салон за чевли од реномирани домашни и странски производители.

,,DUKI DASO bags& accessories” монобренд продажен салон за чанти и аксесоари.

13:30 часот собирање на групата, се упатуваме кон нашата последна и најпосетена дестинација во Кичево

Кичевски манастир (познат и како Манастир „Св. Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир) — средновековен манастир во областа на градот Кичево.

Во минатото манастирот бил нарекуван Крнински манастир, име кое и денес се употребува. Сместен e на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Иако манастирот се нарекува Кичевски, тој сепак се наоѓа во атарот на село Манастирско Доленци. До него се стигнува кога излегувате од Кичево и одите по магистралниот пат кон Битола, на 10 километри јужно од градот. Само петстотини метри под денешниот манастир, некогаш се издигал Крнинскиот манастир, кој заедно со манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино, биле центри на ширењето на христијанската мисла во овој дел од Македонија. Сепак, денес не се зачувани овие два манастири.

     

   

Прочитајте повеќе за манастирот: кликни тука

15:45 собирање на групата и врајќање кон хотел

16:00 часот слободни активности

НЕДЕЛА

07:00 – 10:00 часот доручек

10:00 – 12:00 часот слободни активности ( можност за индивидуална прошетка и пешачење кон селата Долно и Горно Добреноец)

12:00 check out напуштање на хотелот

Комплетниот аранжман е во организација на ,,Atva Residence Hotel”, превозот на турата е  со сопствен висококласен мини бус

Ви испраќаме поздрав од Кичево, со надеж дека за брзо ќе бидеме ваши домаќини- зошто вредиТ да се посетиТ Кичево!